Се уште е свежа раната
на Италијанците по елиминацијата во бараж фазата од квалификациите за СП Русија
2018, каде Швеѓаните обезбедија виза за големиот фудбалски турнир.
Интересна приказна по
реваншот во Торино каде мечот заврши со реми без голови, открива соиграчот на
нашиот Езгјан Алиоски од Лидс, Понтус Јансон.
Познато е дека за време
на интонирањето на химната на Шведска од трибините имаше свирежи од
италијанските навивачи, а голем гест по мечот покажал Де Роси кој влегол во
автобусот на Швеѓаните.
„Ви честитам на
пласманот, но, морам да се извинам за две работи, прво поради навивачите кои ја
исвиркаа вашата национална химна, но и поради однесувањето на моите соиграчи,
посебно во првиот меч“ им рекол Де Роси, а ова го открива Јансон во изјава за
шведски „Експресен“.
„Тоа беше еден од
најубавите моменти кои ги доживеав во мојата кариера, Де Роси се покажа како
вистински господин, прекрасна особа, вистински капитен“ вели Јансон.