Нејмар има клаузула со која може да замине од ПСЖ, еве колку треба Реал да плати за сензационален трансфер

by
2 минути читање

Нов ден, нови
гласини за иднината на Нејмар, напаѓачот никако да излезе од фокусот на медиумите.

Неговите солзи на
прес конференцијата во петокот не променија ништо, и покрај демантот на
Бразилецот, медиумите од Шпанија се убедени дека тој не е среќен во ПСЖ.

Емисијата Ел
Чирингито сега пренесе дека Нејмар си обезбедил клаузула со која може да замине
од ПСЖ.

Доколку играчот
посака да ја искористи оваа опција, неговиот следен клуб на ПСЖ ќе треба да му
плати 222 милиони евра, односно истата сума со која Нејмар си ја купи слободата
од Барселона.

Иако често се
пишува за негово можно враќање на Камп Ноу, се чини дека Реал Мадрид е тој кој
е најсериозен кандидат за потписот на Бразилецот.

Нејмар е дамнешен сон на Флорентино Перез. Претседателот на „Кралевите“ се
обидуваше по секоја цена да го донесе кога тој беше дел од Сантош, па сигурно
сега нема да биде исплашен од бројката од 222 милиони евра за да приреди
сензационален трансфер.

Сепак вреди да се
напомен дека во францускиот фудбал е забранета откупната клаузула, практика која често се
применува во Шпанија, па доколку Нејмар има клаузула со која може да си замине
таа веројатно е во некој приватен договор помеѓу играчот и клубот, па правниците ќе го имаа последниот збор доколку некој тропне на вратата со 222
милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани