81
Според информациите кои
пристигнуваат од Островот, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп заврши во болница
на прегледи поради проблеми со срцето.
Од тоа што го пишуваат
тамошните медиуми, на германскиот стратег му се слошило за време на тренинг на
екипата, па веднаш бил испратен во болница за лекарски прегледи.
Освен тоа, се поставува
и прашањето дали би го водел Ливерпул на клупата за дуелот против Саутемптон
претстојниов викенд.
Ливерпул со 19 бода од
11 одиграни кола во Премиерлигата се наоѓа на петтото место на табелата со дури
12 бода заостанување зад лидерот Манчестер Сити.