Италија не е импресивна во последните натпревари, одигра само 1-1 на свој терен со Македонија, а беше лоша и во првиот бараж дуел против Шведска кој го загуби со 1-0.
Азурите се во позиција да стравуваат за пласманот на Светското првенство, Вентура не убеди дека е вистинскиот човек за селектор, па федерацијата најверојатно ќе му врачи отказ и да се пласира на Мундијалот.
Се споменуваат три имиња за негови наследници. Најмалку реално е Антонио Конте да биде нов селектор. Тој има цврст договор со Челси и засега добро му оди.
Второто име е Карло Анчелоти кој по заминувањето од Баерн Минхен е слободен тренер. Тој најави дека ќе одмара до крајот на сезоната, но може да се предомисли.
Третата опција е Луиџи Ди Бјаџо, селекторот на младата репрезентација на Италија за кој велат дека е фаворит на федерацијата и дека тој би требало да биде наследникот на Вентура.