Тунис и Мароко се двете
нови учесници на Светското првенство во Русија кое се одржува идната година, по
денешните натпревари од африканските квалификации.
Во групата „А“ на Тунис
и беше потребен барем бод од дуелот со Либија, а натпреварот заврши без голови,
па и покрај победата на Конго над Гвинеја со 3-1, Тунис го задржа првото место
во својата конкуренција.
Мароко покажа карактер и
славеше на гостувањето кај Брегот на Слоновата Коска со 0-2 потврдувајќи го
првото место во групата „Ц“. Головите за победничкиот табор ги постигнаа Дирар
и Бенатија.
Нигерија како
првопласирана од групата „Б“ патува на големиот турнир, исто како и Сенегал од
групата „Д“, односно Египет од групата „Е“ каде останува уште едно коло до
крајот, но работите во овие конкуренции се јасни.
Мароко и Тунис пополнија
26 места, останаа само шест места за Мундијалот во Русија.
Резултати од денешните
средби во африканските квалификации:
Замбија – Камерун 2-2
Габон – Мали 0-0
Конго – Гвинеја
Брегот на Слоновата
Коска – Мароко 0-2
Тунис – Либија 0-0