Скандал: Сеп Блатер ја допирал американската голманка Хоуп Соло за задник? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Поранешната американска
голманка Хоуп Соло, која важеше за една од најубавите во женскиот фудбал го
обвини некогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер за „сексуално вознемирување“
во текот на доделувањет на наградите од Светската куќа на фудбалот во 2013. година.

Соло за португалскиот
весник „Експресо“ наведе дека Блатер ја допирал за задникот непосредно пред
излегувањето на сцената за да се додели наградата за најдобра фудбалерка на
годината, инаку нејзина сонародничка, Аб Вамбах.

Непосредно пред тоа,
Сеп Блатер ме допираше за задникот. Морав брзо да се смирам, за да ја врачам
наградата пред мојата сонародничка и пријателка. Не сакав да ја упропастам таа
ноќ, морав да бидам среќна поради Аб
“ открива Соло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани