Манчестер Сити гази се’ пред себе, во сите конкуренции, тимот на Пеп Гвардиола
игра перфектен фудбал а воедно веќе им бега осум до девет бода на своите
најголеми ривали за титулата во англиската Премиерлига, неприкосновен е воедно
и во Лигата на шампионите.
Се чини дека Белгиецот
од редовите на бранителот на титулата во Англија, Еден Азар има посебни
импресии од играта на Сити, а веќе го има и фудбалерот кој според него е
најдобар во моментов во Премиерлигата.
„Кевин е дефинитивно
најдобриот фудбалер во Премиерлигата во овој момент. Воедно, Сити се најдобриот
тим во лигата, а Кевин е премногу важен фудбалер во системот на игра кој го
практикува Гвардиола. Лесно е да играте покрај фудбалер од класата на Кевин
бидејќи ние сме добри играчи“ истакна Азар за својот сонародник за време на
собирот на селекцијата на Белгија во пресрет на вечерашната контролка со
Мексико.