Беневенто ги загуби сите 12 натпревари оваа сезона досега, има постигнато пет голови, а примено 31.
Во изминатото коло водеа против Јувентус во Торино, но шампионот направи пресврт во второто полувреме и дојде до очекуваната победа.
„Стигнуваат пофалби од секаде, но секогаш завршуваме без бодови“ – вели претседателот Виџорито.
„За резултатите се криви вештерките кои секогаш биле поврзани со овој град. Да, точно е, суеверен сум“.
„Гледајќи го Јувентус како се брани против нас е како морална победа. Се надевам дека вистинска ќе имаме во следното коло против Сасуоло“.
„Една работа е сигурна, ќе останеме во Серија А бидејќи не се предаваме“.
Беневенто има репутација на „Градот на вештерките“, според легендата која вели дека луѓето оставале метли или сол на прагот пред вратата, бидејќи вештерките излегувале само навечер и требале да ги бројат влакната на метлите или зрната сол пред да влезат, за тоа време сонцето ќе изгрее.
Токму поради тоа и логото на клубот е со вештерка на метла.