Шокантна исповед на Американка која играла во Русија: Тренерот ни вбризгуваше инјекции, ни удираше шлаканици…

by
1 минути читање

27 годишната Даниеле
Фоксовен повеќе не игра професионално фудбал, а најлошото искуство во нејзината кариера кое
го откри ја згроси светската јавност.

Никогаш не сум
помислувала да се убијам, но се чувствував нездраво и болесно“ почнува таа во
интервјуто за „Спортс Илустрејтед
“ за искуството минато во Руска Енерџија, каде
заработувала околу 2000 евра месечно.

Седев на тревата, а
потоа тренерот (64 годишниот Иван Василјевич) ми пријде и ме потегна за увото,
по што ми удри шлаканица
. Помислив,
овде е сосема поинаку… Преведувачката подоцна ми рече дека тренерот не сакал
да седам на ладно бидејќи тоа било штетно за една жена, тоа влијаело на плодноста,
а јас и реков да не помислува уште еднаш да крене рака на мене
“ открива
Фоксовен која притоа додава дека уште во овие моменти почнала да се сомнева во
нејзината одлука дали било исправно да игра шест месеци во Русија.

Не говорев руски, но по
говорот на телото на тренерот можеше јасно да се види дека тој нас не
навредува, а преведувачката постојано ги ублажуваше неговите зборови, многу од
истите беа во сексуална конотација
“ додава Американката.

Покрај сите тие проблеми
со кои се соочувале, фудбалерките биле присилени да добиваат и сомнителни
инјекции.

Доаѓаше во
соблекувалната и ќе речеше
време е за инјекции. Ние се
обидувавме да го избегнуваме тоа, но тоа ретко ни успеваше
“ вели таа, а по престојот во Русија се вратила во својата земја каде моментално е тренер во училишна екипа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×