Манчестер Сити во
јануари соопшти дека Серхио Агуеро ставил потпис на нов договор и ја продолжил
соработката до 2020.
Но напаѓачот во
разговор со медиумите од Аргентина сега вели дека договорот му истекува во
2019, а останување на Етихад до 2020 е само опција.
„Се шпекулира
дека Милан и Реал Мадрид ме посакуваат, не знам каде прочитав но пишуваше: „Му
го расипаа сонот на Индепендиенте“. Но мојот сон останува ист како и секогаш,
кога ќе ми заврши договорот со Сити во 2019, сакам да се вратам во
Индепендиенте” – вели Серхио
Агуеро.
„Имам опција да
го продолжам договорот со Сити за уште една година, но тоа е само опција, ќе
видиме што ќе се случи”.
Во слична
ситуација е и неговиот добар пријател Лео Меси. Барселона соопшти дека со
Аргентинецот постигнале согласност за нов договор, документите се потпишани од
неговиот татко, но играчот смета дека договорот му истекува во 2018 и ја
разгледува можноста летоска да замине од Камп Ноу како слободен играч.