Несторовски со ветување: Ќе го срушам рекордот на Лука Тони!

by
1 минути читање

Популарниот
„Нестогол“ е прв играч на Палермо, неговите погодоци се клучни за враќање во
елитата, па клубот од „Сицилија“ молеше Илија Несторовски да не игра за
Македонија против Норвешка.

ФФМ излезе во пресрет, па напаѓачот ќе биде во комбинација за дуелот со
Кремонезе овој викенд.

Пред новото коло
од Серија Б, Илија Несторовски имаше кратко интервју за Скај Спорт.

Капитенот беше
многу мотивиран и испрати ветување до фановите: „Лука Тони постигна 30 погодоци
во 2003/04? Сакам да постигнам еден повеќе, сакам да постигнам 31 гол“.

Македонецот до
овој момент има 9 погодоци на десет натпревари и доколку продолжи во ист стил,
ќе го сруши рекордот на легендарниот напаѓач.

„Поминуваме низ
добар период, но целта е да бидеме уште подобри. Против Кремонезе одиме на
победа бидејќи сакаме да бидеме шампиони во Серија Б
– додаде Несторовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани