Карим Бензема подолго време добива критики, но на Реал Мадрид добро му одеше, па неговата лоша форма не влијаеше многу на резултатите.
Оваа сезона е поинаку, Реал Мадрид игра лошо во Примера, има голема негатива во однос на Барселона, а формата на Бензема е очајна, има постигнато само еден гол.
Реал Мадрид е решен конечно да го промени првиот напаѓач, а прв пик на кралевите е Хари Кејн кој прикажува фантастични партии за Тотенхем.
Тој постигна 13 голови на 14 натпревари оваа сезона вклучувајќи и пет во Лигата на шампионите.
За да го донесе Хари Кејн, Реал Мадрид ќе треба добро да го одврзе ќесето. Не се очекува Тотенхем да го пушти својот клучен фудбалер за помалку од 100 милиони евра.
Доколку не успее да го ангажира Хари Кејн, Реал Мадрид ќе се сврти кон својот градски ривал и ќе се обиде да го купи Антоан Гризман.
Трет на листата е Роберт Левандовски од Баерн Минхен, но проблем е што неговиот договор истекува дури до 2021 година, а Баварците не се клуб кој лесно продава фудбалери.
Четврта опција е главната ѕвезда на Јувентус оваа сезона, Пауло Дибала кој многу често се поврзува со Реал Мадрид или Барселона.