Светската фудбалска
федерација (ФИФА) и меѓународниот синдикат на професионални фудбалери (ФИФПро)
потпишаа договор со кој фудбалската јавност го окарактеризира како историски.
Најважната одлука во
целиот договор е тоа што фудбалерите ќе имаат право на раскин на договорот со
клубот во кој настапуваат доколку платата им доцни два месеци, и доколку се
жртви во навредливо однесување на претставници на клубот.
Фудбалерите кои би се
нашле во такви ситуации ќе имаат право да бараат компензација од клубот,
доколку тоа не се испочитува, клубот ќе се соочи со забрана на реализација на
трансфери во иднина.
„Ова е важен чекор
напред во подобрувањето на управувањето на фудбалот на глобално ниво“ рече Џани
Инфантино, претседателот на ФИФА.