Мурињо во Барселона го „пикираше“ партнерот на Баји во одбраната на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Според информациите кои
ги пренесува „Мирор“ се вели дека португалскиот стратег од клупата на Манчестер
јунајтед, Жозе Мурињо го пикирал францускиот дефанзивец од редовите на
Барселона, Самуел Умтити како еден од приоритетите за засилување во тимот.

Она што е познато,
Умтити има откупна клаузула во договорот со Каталонците во вредност од
60 милиони евра, а во него Мурињо гледа идеален партнер во
дефанзивната линија на Премиерлигашот заедно со Ерик Баји
.

Изминатиов период низ одредени медиуми кружеа шпекулации за тоа дека Португалецот пријавил интерес и за Рафаел Варан од Реал Мадрид, но наводно Манчестер јунајтед се откажал од оваа опција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×