ПСЖ ќе го менува тренерот поради Нејмар?

by
1 минути читање

Сопствениците на ПСЖ имаат проблем со разгалениот Нејмар кој нема почит за Унаи Емери и покрај тоа што тимот бележи одлични резултати на почетокот од сезоната.

ПСЖ за Нејмар прати богатство како никој досега во фудбалот. Бразилецот има одлична статистика, за 12 натпревари постигна 11 голови и девет асистенции.

Но, на денешната насловна страна на „Л’Екип“ се зборува за односот помеѓу Нејмар и Емери.

Реномираниот француски весник тврди дека Нејмар не го почитува Емери. Стратегот би приморан да ги скрати видео анализите поради тоа што не му се допаѓале на Нејмар.

Во соблекувалната се чувствувал моментот дека „непослушниот“ Нејмар има поголема моќ од Емери. 

Сопствениците на ПСЖ не сакаат да ја налутат својата најголема ѕвезда, па се чини дека и покрај тоа што правдата е на негова страна, Унаи Емери ќе биде жртва.

ПСЖ веќе ја разгледува можноста за ангажман на елитен тренер кој ќе има авторитет над сите фудбалери. Се пишува дека прв пик е Жозе Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани