Бурните реакции на Санчез кон своите соиграчи за време на мечот со Манчестер Сити (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Често се пишува за тоа
колкав е трудот кој го вложува Алексис Санчез во последниов период во Арсенал,
а Чилеанецот се потруди во неколку наврати да изврши пресинг на дерби мечот
против Манчестер Сити каде неговиот тим загуби со 3-1.

Се чини дека офанзивецот
на Арсенал немаше доволно поддршка од своите соиграчи, па следеа бурни реакции
од Чилеанецот во неколку наврати кои камерите секако ги регистрираа.

Пресингот кој го вршеа
избраниците на Венгер беше рефлектирање на немоќ во однос на противникот кој
имаше голем простор за да проигрува дури и во опасната зона.

Токму Манчестер Сити се
споменува следна дестинација за Санчез откако станува се појасно дека тој нема
да го продолжи договорот со Арсенал кој истекува идното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×