162
Манчестер јунајтед има неколку клучни фудбалери кои се повредени, пред се Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба.
Лукаку игра во лоша форма и постојано е на критика на фановите, па во овој период Ибрахимовиќ и тоа како е потребен. Но Мурињо вели дека наскоро ќе го има на располагање и него и Погба.
„Имаме група на фудбалери за кои се надеваме дека ќе се опорават колку што е можно побрзо“ – вели Мурињо.
„Тие работат секој ден и сега се во добра позиција“.
„Погба, Ибра, Рохо и Фелаини. Тие се во добра позиција и мислам дека во овој дел од сезоната, божиќниот период и потоа, ќе бидеме во силна позиција“.