Од синоќа Андреа Пирло и официјално ги „обеси копачките“ откако го одигра последниот меч за Њујорк Сити во МЛС.
Според „Ла Република“, Пирло сега ќе има период за одмор по кој сигурно ќе се врати во Италија.
Весникот открива дека тој веќе има понуда од Јувентус да биде клупски амбасадор, да игра за тимот на легендите на Јувентус предводени од Давид Трезеге.
Но и Италијанската фудбалска репрезентација му понудила функција, доколку ја прифати ќе има можност да биде со репрезентацијата на Светското првенство во Русија, под претпоставка дека ќе ја поминат Шведска во баражот.
Антонио Конте исто така е голем фан на Пирло па би можел да му понуди место во неговиот стручен штаб, но се уште не е јасно дали ќе остане во Челси и следната сезона или ќе побара нов предизвик.