85
Малме викендов загуби на
домашен терен од Хакен со 1-2 во последното коло од најсилниот шведски фудбалски
шампионат, а домаќините по мечот ја прославија одбраната на титулата со седум
бода разлика во однос на ривалот АИК.
На церемонијата на
доделувањето на пехарот се појави Златан Ибрахимовиќ, поранешниот фудбалер на
Малме кој го промени протоколот во доделувањето на пехарот на клубот, па така,
наместо претседателот на тамошната фудбалска федерација, го повика капитенот
Маркус Розенберг и неговите соиграчи да пристапат и да го кренат пехарот
предаден токму од него.