Рехабилитацијата на Дембеле тече побрзо од очекувањата

by
1 минути читање

Иако се предвидуваше подолг
период на рехабилитација за Осман Дембеле, поточно до јануари идната година,
според информациите кои ги пренесува „Марка“, се вели дека тој би можел да биде
подготвен за мега дербито со Реал Мадрид кое е предвидено да се одигра на 22
декември.

Останува отворено
прашањето колку клубот ќе се одлучи да ризикува со скапото засилување за кое
летово одвои фантастични 104 милиони евра, а првичните информации кои
пристигнуваат велат дека Барселона нема да притиска за негов настап против
големиот ривал од Мадрид.

20 годишниот Дембеле се
повреди на дуелот со Гетафе во Примера во септември, неполни десет дена по
дебито против Еспањол во дресот на каталонскиот гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×