Пирло со емотивно писмо го потврди крајот на кариерата

by
1 минути читање

Со завршувањето на настапот во МЛС за оваа сезона, Андреа Пирло стави крај на фудбалската кариера. Италијанецот со емотивно писмо го потврди тоа што претходно го најави.

„Последен меч во МЛС. Моето време во Њујорк дојде до крајот па би сакал да кажам неколку збора. Сакам да им се заблагодарам на сите за односот и поддршката која ми ја даваа во овој неверојатен град. Благодарност до фантастичните навивачи, благодарност до стручниот штаб и сите кои работат зад сцената, благодарност до моите соиграчи. Не само што мојата авантура во Њујорк дојде до крај, туку мојата кариера како фудбалер исто така. Затоа сакам да ја искористам оваа можност да и се заблагодарам на мојата фамилија и на моите деца за поддршката и љубовта која секогаш ми ја даваа, секој тим во кој имав чест да играм, секој соиграч со кој имав задоволство да играм, сите луѓе кои ја направија мојата кариера така неверојатна и последно, но не и најмалку значајно, сите фанови во светот кои ми даваа поддршка. Сите вие секогаш ќе бидете на мојата страна и во моето срце“ – напиша Пирло.

Андреа Пирло кариерата ја почна во Бреша од каде се пресели во Интер. Тоа беше неговиот прв клуб, таму не се наигра многу. Остана во Милано, но го промени дресот. Десет години настапуваше за Милан каде што се промовираше во еден од најдобрите играчи во Италија. Росонерите сметаа дека неговата игра бледнее, па тој замина во Јувентус каде продолжи да игра во маестрална форма. Во 2015 замина во Њујорк Сити каде денес ја заврши кариерата. За италијанската репрезентација има 116 настапи и 13 постигнати гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани