Подолго време се
говори дека Манчестер јунајтед сака да ја продолжи соработката со
„Специјалниот“ особено откако тој навести дека е привлечен од идејата да седне
на тренерското столче на ПСЖ.
Се говори дека
Португалецот е подготвен да остане, но бара значително покачување, како на
платата така и на бонусите, кое ќе го рефлектира прогресот кој клубот го
забележа под негово водство.
Но според
пишувањата на „МЕН“, Жозе Мурињо има уште еден услов, сака Манчестер јунајтед да
биде поконкурентен на трансфер пазарот и бара поголеми инвестиции во нови имиња.
Манчестер Сити изминатово лето потроши преку 220 милиони фунти на засилувања, или околу 80 милиони фунти
повеќе од она што „Црвените ѓаволи“ го платија за Виктор Линделоф, Ромелу
Лукаку и Немања Матиќ.
Жозе Мурињо
постојано нагласуваше дека сака и четврто засилување, клубот од Олд Трафорд се
поврзуваше со Иван Перишиќ и Герет Бејл, но овие гласини никогаш не се
реализираа.