172
Арсенал со 3-1 загуби на гостувањето кај Манчестер Сити, а Арсен Венгер по мечот се жалеше на судењето. Го обвини и Стерлинг за глума.
„Верувам дека не беше пенал. Сите знаеме дека Стерлинг глуми добро, тоа го направи многу добро“ – изјави Венгер.
Алан Ширер кој сега е фудбалски критичар, смета дека Венгер треба да му се извини на Стерлинг за тешките зборови.
„Не гледам како тоа можеше да биде глума, беше чист пенал. Мислам дека Венгер треба да му се извини на Стерлинг“ – вели Ширер.