Конте одговори на шпекулациите кои го поврзуваат со Милан

by
1 минути читање

Пред некој месец Конте се пожали дека е носталгичен и дека во некој период од кариерата ќе се врати во Италија. Милан сака да му го овозможи тоа на Италијанецот.

Пред две недели Милан имале контакт со Конте и наводно ги почнале преговорите. Тие сакаат тој да им биде тренер од следната сезона.

По натпреварот со Манчестер јунајтед, Конте беше запрашан за шпекулациите кои го поврзуваат со Милан.

„Милан? Оставете го тоа“ – изјави Конте.

„Ние се обидуваме да останеме концентрирани бидејќи тежок е распоредот до крајот на сезоната“.

„Фокусиран сум само на Челси и да го направам она што е најдобро за овој клуб“.

„Доколку имаме ваков ентузијазам, можеме да се бориме до крај“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×