Антонио Конте и Жозе Мурињо не се во најдобар одос, а тоа нема да се промени ниту по вечерашното дерби на Стемфорд Бриџ.
По победата на Челси од 1-0 над Манчестер јунајтед, Италијанецот наместо да се ракува со својот колега, реши да слави со играчите на теренот.
Запрашан за ваквото однесување на Антонио Конте, Жозе Мурињо вели: „Тој исчезна. Да не сакате да го бркам по теренот? Јас бев покрај аут линијата, си подадов рака со луѓето кои беа таму. Мислам дека еден од нив беше неговиот брат, кој му е асистент. Јас ја исполнив мојата обврска. Сигурно нема да го бркам по теренот…“
Запрашан околу можноста да го почека пред тунелот за да се ракуваат, менаџерот на „Црвените ѓаволи“ одговори: „Зошто да го почекам?“ Ниту пак тој треба да ме чека. Нема никаков проблем. Вие секогаш се грижите за вакви работи… но нема проблем“.