„Граѓаните“ ја продолжија победничката серија и попладнево со 3-1 славеа над Арсенал во дерби пресметката на Етихад.
Де Брујне и Агуеро го трасираа патот кон трите бода, но Лаказет ја врати неизвесноста во 65. минута.
И кога натпреварот потполно се отвори и Арсенал со сите сили тргна по изедначување, Жесус ги сруши надежите на „Топчиите“. За да боли повеќе, голот падна од офсајд ситуација, па сосема очекувано, Арсен Венгер веднаш го впери прстот кон судијата.
„Вложивме голем напор и на 2-1 чувствуваме дека можеме да стигнеме до реми. На 3-1 на противникот многу му олесна. Добија неочекуван подарок“ – вели менаџерот на Арсенал.
„Го видовте она што и јас го видов. Самиот факт што ми кажувате дека било офсајд говори доволно. Не сакам да ги намалам заслугите на противникот, но грешката на судиите се случи во момент кога бевме рамноправни и имавме шанса за реми, третиот гол не уби. Минатата сезона тука примивме два гола од офсајд a и сега примивме еден гол од офсајд…“