Мурињо случајот со затајување данок во Шпанија го смета за затворен

by
1 минути читање

Тренерот на англискиот
Премиерлигаш Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо тврди дека случајот околу
даночното затојување во Шпанија е затворен случај, вели дека го платил бараниот
износ.

Откако си заминав од
Шпанија во 2013. година ми беше кажано дека нема никакви проблеми, дека се е
регуларно, две години потоа ми кажаа дека е отворена истрага, дека морам да
подмирам одредена сума. Не се бунев, ја исплатив бараната сума, тоа е причината
поради која дојдов овде и се задржав само пет минути, немам ништо што да
додадам на ова
“ изјави поранешниот шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид пред шпанските медиуми откако се појави на суд.

Против него имаше
постапка, поради тоа што од 2011. до 2012. година затаил данок во износ од
3.300.670 евра. Шпанското обвинителство претходно наведе дека не пријавил
приход од продажба на правата на неговите имиџ права.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани