Актуелниот важечки
договор на Емре Џан со Ливерпул истекува идното лето, а германскиот
интернационалец би можел да си замине без никакво обештетување откако обете
страни не најдоа заеднички јазик во преговорите околу продолжување на
соработката.
Според информациите кои
ги пренесуваат медиумите на Островот, Џан сака да има откупна клаузула во секој
договор кој би го потпишал со Ливерпул.
Ова е нешто ново за
Ливерпул кој го одбил тоа барање на 23 годишниот фудбалер, истото важи за
Кутињо кој нема откупна клаузула во неговиот договор, а се чини дека
Премиерлигашот нема да отстапува ниту во овој случај.
Најсериозен претендент
за Џан е италијанскиот шампион Јувентус, а интерес пријавува и шампионот на
Германија, Баерн Минхен, од чија академија излезе Германецот.