Големо изненадување
дојде по одлуката на Српскиот фудбалски сојуз да му врачи отказ на Славољуб Муслин
од клупата на сениорскиот национален тим на Србија, откако оваа селекција
обезбеди место на Светското првенство во Русија идната година.
Српски „Курир“ открива
бизарна причина поради тоа што дошло до раскинување на соработката, и тоа, ни
помалку, ни повеќе, туку поради тоа што Муслин не му дозволил на Славиша Кокеза
да биде во составот репрезентацијата на Србија на мечот против Грузија во последното коло од квалификациите.
Првиот човек на српскиот фудбал, според зборовите на Муслин во изјавата за „Курир“ изразил желба да се најде во составот на својата селекција за мечот по кој Србија го визираше местото на Мундијалот, на тоа добил негативен одговор, па тука настанале конфронтациите со селекторот кои се одразија со отказ на крајот.
Сепак, тоа не е се кое говори за актуелните случувања во српскиот фудбал, менаџерот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Матија Кежман упати обвинувања до Муслин дека одбил да размислува за фудбалерот на Лацио, за кого се појавија шпекулации дека би можел да го облече дресот на Црна Гора, на што доби одговор од Муслин дека ‘ќе се виделе на суд’ за овие обвинувања.