159
Реал Мадрид и Барселона
ќе ги судрат копјата во светски популарното фудбалско дерби „Ел Класико“ во
еден мошне чуден термин, кој можеби е одреден поради тоа што шпанското
фудбалско првенство сака да привлече што е можно повеќе гледачи пред малите
екрани, пред се’ на
Истокот.
Најатрактивниот меч во
предбожиќното коло од Примера ќе се игра во терминот од 13 часот по
средноевропско време, во сабота на 23 декември. Веројатно, на овој термин
најмногу би се израдувале Кинезите ако се земе во предвид дека ова големо дерби
во Шпанија ужива голема популарност во Кина.