Евертон во Алардајс гледа спас на сезоната, а тој има посебни барања до клубот

by
2 минути читање

„Дејли меил“ и „Мирор“
пренесуваат дека Евертон веќе воспоставил контакт со Сем Алардајс околу можно
преземање на кормилото на тимот од Ливерпул во следниот период.

Сепак, искусниот фудбалски
стратег, според информациите кои ги пренесува „Сан“, имал посебни барања во
преговорите со Евертон, тој не сака да биде решение за краток рок, туку бара
договор на две ипол години, а додатно и бонус за спас на Евертон откако клубот
се најде во зоната за испаѓање во Премиерлигата.

Исто така, едно од
барањата на Алардајс се тој да има десет лица, по негов избор, во стручниот штаб, меѓу кои се
шпекулира дека ќе биде и Крег Шекспир, поранешниот тренер на Лестер кој доби
отказ од поранешниот шампион на Англија.

Алардајс е без ангажман
откако кратко траеше неговиот престој на клупата на селекцијата на Англија, а
последен негов ангажман на клупски план беше Кристал Палас каде ги остави
амбициите на клубот околу опстанок во елитното друштво на Англија.

По заминувањето на
Лукаку од тимот, Евертон бележи катастрофални резултати во последниов период,
иако вложи голема сума за засилувања во тимот, истите не вродија со плод, а екс
стратегот од клупата на тимот од „Гудисон Парк“, Роналд Куман по отказот се
правдаше дека откажувањето на Оливие Жиру во последен момент целосно ги
уништило неговите идеи.

Евертон се наоѓа во
долниот дел од табелата во Премиерлигата, а истовремено му се заканува и рана
елиминација во Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани