Реал Мадрид синоќа одигра уште еден лош натпревар и загуби на гостувањето кај Тотенхем со 3-1. Единствениот гол за европскиот шампион беше дело на Кристијано Роналдо.
Тој со шест гола по четири кола е на врвот на листата на стрелци во ЛШ со еден повеќе од Кејн. Но генерално и тој и Реал Мадрид имаат лош старт на сезоната особено во Примера каде заостануваат со осум бода зад Барселона, а Роналдо има постигнато само еден гол во шпанската лига.
По вчерашниот натпревар новинарите го прашаа за неговата гол статистика оваа сезона. Тој одговори:
„Смирен сум. Во денешно време добрите перформанси не ви значат ништо вас, се што се брои се само голови, голови, голови“ – вели Роналдо.
„Мојата статистика? Нема да зборувам за неа. Одете на Гугл и напишете „Головите на Кристијано Роналдо“ и таму се тие. Сите“.
„Статистиката не ме интересира“.
Вината за неуспехот тој ја префрли и на неискуството во составот, призна дека недостасуваат Пепе, Мората и Хамес Родригез.
„Фудбалерите кои влегоа во игра имаат голем потенцијал. Но Пепе, Мората и Хамес Родригез не правеа посилни, сега тимот е помлад“.
„Исто така бевме без Карвахал и Бејл. Ова не е најлош состав, но ни фали искуство што е многу важно“.