Деле Али и Ериксен го „докрајчија“ Реал Мадрид! (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Деле Али со својот втор
гол му донесе водство на Тотенхем од 2-0 во 56/ минута против Реал Мадрид во дербито на
вечерта од четвртото коло од Лигата на шампионите.

Ако првиот беше
постигнат по една офсајд ситуација, нема никакви сомнежи во вториот гол каде
фудбалерот на Тотенхем се прошета низ одбраната на мадридски Реал кој делува
инфериорно на Вембли.

На 3-0 зголеми Ериксен само девет минути подоцна.

Евентуална победа на
Тотенхем му носи прво место во групата и три бода предност во однос на Реал
Мадрид на две кола до крајот на групната фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×