Селтик
немаше среќа да добие ривали по мерка во групите од Лигата на шампионите оваа
сезона, се падна во конкуренцијата „Б“ каде се најдоа и ПСЖ и Баерн Минхен, па
шкотскиот шампион има три порази и една победа засега по четири одиграни кола.
Фантастична атмосфера
имаше на трибините од „Селтик Парк“ арената во Глазгов синоќа каде Баерн Минхен
ја продолжи одличната низа од победи по враќањето на Јуп Хејнкес на клупата, па
Германците славеа со 1-2.
За тоа каква
беше атмосферата во Глазгов, се чини дека доволно говори изразот на лицето на
искусниот холандски интернационалец Архен Робен.
„Атмосферата
беше неверојатна. Треба да уживате во вакво нешто бидејќи ова не се доживува
често…“ изјави Робен по мечот, а вреди да се издвои дека во финишот од
средбата при неговата замена, Холанѓанецот беше испратен со аплауз од
гледалиштето.
Во изјавата
не остана рамнодушен ниту директорот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге.
„Тоа беше
фудбалско искуство од чиста култура, тоа беше атмосфера која потсетува на
старите времиња, прекрасна вечер“ се надоврза Румениге.