Несторовски за Газета дело Спорт открива зошто останал во Палермо кога имал понуди од Серија А

by
1 минути читање

Репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“ импресионираше со своите игри во дебитантската сезона во
најсилното првенство на Италија, и веднаш го привлече вниманието на големите
екипи.

Наполи прв тропна
на вратата уште во јануари, но Палермо не сакаше да слушне за продажба на Илија
Несторовски.

По испаѓањето во втора лига, уште неколку клубови доставија понуда, неодамна
Маурицио Ѕампарини откри дека одбил 15 милиони евра во последните денови од
летниот преоден рок.

Популарниот
„Нестогол“ во интервју со Газета дело Спорт сега вели дека имал долг кон
Палермо и Маурицио Ѕампарини што му укажале доверба, па затоа останал верен.

„Вообичано кога
играч ќе добие понуда од Серија А заминува? Сакав да останам и да помогнам
бидејќи Палермо ми даде шанса да играм во Калчото“
– вели Несторовски.

„Чувствував дека
имам долг за плаќање, и сакам да го вратам Палермо онаму каде што му е местото“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани