Србинот во 2014
доби втора шанса за докажување на Стемфорд Бриџ и веднаш се промовираше во еден
од столбовите на тимот и имаше клучна улога во освојувањето на титулата во
сезоната 2014/15, како и онаа во 2016/17.
Но изминатово
лето тој доби дозвола да замине, и беше продаден на Манчестер јунајтед за 40
милиони фунти.
Антонио Конте обелодени
дека тој се противел на продажбата, и некој над него пресекол за трансферот.
Тимуе Бакајоко,
кој беше донесен од Монако, не успева да го замени Немања Матиќ, па по
вчерашниот тежок пораз од Рома во Лигата на шампионите, Фил Невил силно удри
по Челси.
„Каде е проблемот
во Челси? Еден збор. Матиќ” – вели легендата на Манчестер јунајтед. „Толку е едноставно. Продажбата
на Немања е голема грешка”.
„Кога го имате
Матиќ пред вас, заедно со Канте, имате заштита. Оној кој ја донел одлуката за
негова продажба треба да добие отказ. Ова е една од најлошите одлуки кои некогаш
сум ги видел во Премиерлигата. Доколку прашате било кој од играчите на Челси
кого би сакале да го видат назад, сигурно ќе ви речат Матиќ”.
„Челси го замени
со некој кој треба да ја врши истата работа, но Бакајоко не е таков тип на
играч. Практично Челси не го замени Матиќ. Јас не би го пуштил да мрдне, ако
трбеа со ланец ќе го врзам во тренинг центарот”.