165
Атлетико Мадрид имаше негатива по првите 45 минути игра
во дуелот со азербејџански Карабах во групата „Ц“, а во раната фаза од второто
полувреме стигна до израмнување.
Томас во 56. минута му носи гол за 1-1 на Атлетико Мадрид
кој во оваа конкуренција се уште нема победа, па ова може да биде увертира за
избегнување на уште еден лош резултат на шпанскиот прволигаш.
Инаку, Азербејџанците од 59. минута се со играч помалку откако исклучување доби Пауло Енрике.