ЛШ, полувреме: Челси без решение за Ел Шарави, Спортинг и Ристовски водат над Јувентус, Карабах пред сензација во Мадрид (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Рома со двата гола на Ел Шарави, најнапред уште во првата
минута од мечот во Рим, а потоа и во 36. Минута има капитално водство од 2-0
над Челси во дербито на вечерта, во мечот од групата „Ц“ каде и двете екипи до
крајот ќе водат голема битка за првото место во оваа конкуренција.

Моментално, Рома е лидер со осум бода, Челси е втор со
еден бод негатива, а Карабах е пред првата победа откако има минимално водство
од 0-1 на гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Доколку не се промени ништо во второто полувреме, Карабах
би го презел третото место во групата со четири бода, веднаш пред Атлетико
Мадрид кој има само два бода и засега е без победа во оваа конкуренција

Она што нам не интересира е секако одличното издание на
Стефан Ристовски во првите 45 минути игра во почетниот состав на Спортинг Лисабон
кој има минимално водство од 1-0 над Јувентус со голот на Цезар во 20. Минута,
во рамките на групата „Д“ каде и двете екипи се борат за второто место во оваа
конкуренција.

Моментално, Спортинг и Јувентус се на делба на второто
место со по шест бода, а Барселона е прва со десет бода, каталонскиот клуб се
мачи на гостувањето кај Олимпијакос каде мрежите мируваат во првото полувреме.

Тинејџерот и најмладиот голман во историјата на Лигата на
шампионите, Миле Свилар едноставно нема среќа во дуелите со Манчестер јунајтед,
во претходното коло му донесе минимална победа на англискиот тим во
Португалија, а вечерва имаше нова катастрофална грешка по одличната
интервенција во ударот од белата точка на Мартиал во 15. Минута. Во финишот од
првите 45 минути игра голманот на Бенфика донесе предност за Премиерлигашот во
групата „А“, со тоа тимот на Мурињо моментално е со максимални 12 бода во
групата.

 

РЕЗУЛТАТИ И ПОГОДОЦИ ОД ПОЛУВРЕМЕТО:

 

Група „А“

Манчестер јунајтед – Бенфика 1:0 (Свилар 45 автогол)

Базел – ЦСКА Москва 1:0 (Зуфи 32’)

 

Група „Б“

Селтик – Баерн Минхен 0:1 (Коман 22’)


ПСЖ – Андерлехт 2:0 (Верати 30, Нејмар 45’)

Група „Ц“

Рома – Челси 2:0 (Ел Шарави 1’, 36’)


Атлетико Мадрид – Карабах 0:1 (Мишел 40’)

Група „Д“

Олимпијакос – Барселона 0:0

Спортинг Лисабон – Јувентус (Цезар 20’)

 

Фото-вест: record.pt

Можно е и ова да ти се допаѓа

×