„Родриго не личи на себе, не личи ниту на професионален фудбалер“

by riste
1 минути читање

Поранешниот шпански голман, Сантијаго Канизарес го прокоментира настапот на Родриго за Реал Мадрид на мечот против Ал Хилал кој заврши 1-1.

Канизарес потекнува од школата на Реал Мадрид, бранеше за кралскиот клуб, но најславните денови ги доживеа како голман на Валенсија кога беше и прв чувар на мрежата на шпанската репрезентација.

Родриго имаше лош крај на минатата сезона, па често се шпекулира за негово заминување, интерес има од Арсенал. Чаби Алонсо се обидува да го стави Бразилецот во колосек, но на првиот меч под негово водство тој не одигра речиси ништо.

„Не разбирам, мора нешто да се случува со тоа момче. Нема да се мешам бидејќи не знам, но не изгледа како оној Родриго од претходно. Не изгледа ни како професионален играч во последните натпревари, дури ни во последните неколку месеци. Го гледав како знае да игра одлично, но сега се загуби, како да нема желба и да не е присутен во играта“, вели Канизарес.

Фото: X/RealMadrid

Можно е и ова да ти се допаѓа

×