За четири дена ќе гледаме голема местенка на Светското клупско првенство!?

by bojan
1 минути читање

Второто коло на Светското клупско првенство можеби не е завршено, но веќе се прават одредени калкулации за последното трето коло, и многумина очекуваат местенка на натпреварот помеѓу Интер Мајами и Палмеирас.

На 22. јуни 2004, на Европското првенство во Португалија се случи една од најочигледните местенки во фудбалот.

Во последното коло од групната фаза, на Шведска и Данска им требаше реми од 2-2 за и двете да одат понатаму, а Италија да ги пакува куферите и да испадне.

Па иако натпреварот беше драматичен, Скандинавците одиграа онака како што им требаше, Матијас Јонсон погоди во 89. минута за 2-2 и „biscotto“, термин кој Италијанците го користат за „наместена“.

Па многумина сега очекуваат слична ситуација и на новото Светско клупско првенство.

Имено, по синоќешните победи на Интер Мајами и Палмеирас над Порто, односно Ал Ахли, ситуацијата во Групата А е прилично јасна.

Интер Мајами и Палмеирас имаат по четири бода на врвот на табелата, па со реми на меѓусебниот дуел во последното коло ќе стигнат до пет, што ќе значи пласман во осминафинале и елиминација на Порто и Ал Ахли, кои во моментов имаат по еден бод, и максимум можат да дојдат до четири бода.

Останува да се види што навистина ќе се случи, натпреварите се играат на 24. јуни во 3 часот наутро по македонско време.

ФОТО: X/Inter Miami CF

Можно е и ова да ти се допаѓа

×