Палмеирас со два гола во второто полувреме до прва победа на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Палмеирас по ремито во првото коло со Поро без голови ја забележа првата победа на Светското клупско првенство откако вечерва го совлада Ал Ахли со 2-0.

Палмеирас беше подобар противник, но не не доминираше премногу на теренот, па во првите 45 минути не видовме погодок. На стартот од вториот дел бразилскиот состав дојде до водство по автоголот на Абу Али во 49. минута.

Само десетина минути подоцна, Палмеирас дојде и до втор гол кој беше дело на Фланко Лопез.

Во ова второ полувреме видовме и прекин поради најавеното невреме, по што дуелот продолжи.

Палемира во последното коло ќе се соочи со Интер Мајами на Лионел Меси кој денеска од 21:00 часот го игра натпреварот со Порто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×