Симеоне по поразот: Уморен сум од судиите, а кога Енрике има проблем – ПСЖ му дава 70 милиони евра!

by 24 фудбал
1 минути читање

Атлетико Мадрид неславно го започна настапот на Светското клупско првенство, откако беше убедливо поразен од Пари Сен Жермен со 4-0, а по натпреварот тренерот Диего Симеоне даде коментари кои веќе станаа хит во шпанските медиуми.

По 14 години, веќе не зборувам за судиите. Уморен сум од тоа и нема да продолжам. Но, морам да кажам – отворивме лошо, а кога конечно се смиривме и намаливме на 2-1, ни поништија гол и работите тргнаа во сосема друг правец. Црвениот картон на Ленгле го доврши хаосот, а ПСЖ знаеше како да го казни тоа“, рече Аргентинецот.

Симеоне доби и прашање за улогата на Антоан Гризман:

Алварез беше класична деветка, а Гризман играше како втор напаѓач. Имаше убава шанса, затоа и беше на теренот. Но, ПСЖ е клуб со огромна моќ – клуб полн со млади играчи и ресурси. Кога Луис Енрике има проблем на левото крило, тие му даваат 70 милиони евра да го реши. Секако дека ќе изгледаат вака.

ПСЖ одигра прв меч откако стана европски првак на 31 мај, и со стил го потврди новиот статус на најдобар клуб во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×