Реал и Мбапе не го потврдуваат трансферот, но сега тоа го направи – првиот човек на Ла Лига!

by Стефан
2 минути читање

Иако целиот свет очекува Килијан Мбапе ова лето да стане играч на Реал Мадрид, ниту една од вклучните страни тоа се уште не го потврдува. Сепак, денеска тоа го направи првиот човек на шпанската Ла Лига., Хавиер Тебас.

Мбапе пред неколку дена преку видеопорака се прости од Пари Сен Жермен, а за заминувањето зборуваше и на вчерашната церемонија во Париз каде што беше избран за најдобар играч во Ла Лига по петти пат во кариерата.

И на тука од новинарите доби прашање за неговиот нов клуб, но одговори дека сега не е време да соопшти каде ќе игра.

Но, денеска Хавиер Тебас излезе со изјава во шпанските медиуми и дури откри и дека договорот на Мбапе ќе биде на пет години.

„Килијан потпиша со Реал Мадрид, тука се е завршено. Во Мадрид ќе игра во следните пет сезони“, изјави првиот човек на Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани