Oфицијално: Мбапе се збогуваше со ПСЖ! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Францускиот голгетер Килијан Мбапе преку видеопорака и официјално се збогуваше со Пари Сен Жермен.

Напаѓачот на „триколорите“ во пораката се заблагодари на својот клуб за се во изминатите години. Мбапе не открива каде ќе продолжи, но сите очекуваат тоа да биде Реал Мадрид.

„Секогаш зборував дека лично ќе ви се обратам кога ќе имам нешто да ви кажам. Сега сакам да ви кажам дека ова е моја последна година во ПСЖ. Нема да го обновам договорот и на оваа авантура и доаѓа крајот. Последниот натпревар на „Паркот на принцовите“ како играч на ПСЖ ќе го одиграм во недела“, зборува Мбапе во пораката.

Дресот на ПСЖ Мбапе го облече во 2018 година кога за сума од 180 милиони евра пристигна од Монако и досега на 177 натпревари постигна 161 гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани