Стадионот во Битола доби рефлектори, Пелистер ќе може да игра ноќни натпревари! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Стадионот на Пелистер, „Петар Милошевски“ ја доби очекуваната надградба, во употреба се пуштени рефлекторите, отсега ќе може да се играат ноќни натпревари.

Заврши проектот за осветлување на стадионот во Битола, на бетонски столбови долги околу 50 метри се поставени повеќе од 250 светилки кои го осветлуваат теренот и трибините.

Пелистер отсега ќе има услови да биде домаќин на натпревари во вечерен термин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани