Анчелоти: Со Баерн сме слични, но ние сме Реал и силно сме мотивирани

by Иван
1 минути читање

Реал Мадрид е во трка за ново финале и сонува за јубилеен петнаесетти трофеј во Лигата на шампионите. Сепак, „кралевите“ мора да го прескокнат Баерн во реваншот во Мадрид, откако одиграа нерешени 2-2 во првиот меч во Минхен.

Пред пресметката со баварците, тренерот на шпанскиот тим Карло Анчелоти даде кратка анализа и најава.

„Имам огромна самодоверба бидејќи ние сме Реал Мадрид, го имам најдобриот тим и одигравме одлична сезона. Реал Мадрид и Баерн се доста слични клубови, имам огромен респект кон нив. Тие беа подобар тим на теренот во првиот натпревар, па ние мора да се истакнеме на реваншот. Имаме шанса да играме уште едно финале. Знаеме дека полуфиналните двомечи се многу тешки, но мотивирани сме“, изјави Анчелоти.

Првиот финалист во елитното европско натпреварување е Борусија Дортмунд, а Реал и Баерн ќе се борат за втората виза за „Вембли“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани