Жута му се приклучи на Јаховиќ во Коњаспор

by
2 минути читање

Леонард Жута по
три ипол години си замина од редовите на хрватскиот прволигаш Ријека, негов нов
клуб ќе биде турскиот Суперлигаш Коњаспор, каде настапува неговиот сонародник,
напаѓачот Адис Јаховиќ.

26 годишниот бек
потпиша две ипол годишен договор со Коњаспор, а неофицијалните информации кои
пристигнуваат, велат дека Ријека добила обештетување за овој трансфер во висина
од речиси половина милион евра, што секако е одлично за хрватскиот прволигаш
ако се земе во предвид дека договорот на Македонецот истекуваше претстојното
лето.

Жута на
презентацијата во новиот клуб истакна дека деталите во преговорите со Коњаспор биле
договорени мошне брзо, додаде дека посакува брзо да се адаптира, а за тоа
сигурно ќе му помогне Јаховиќ.

Мило ми е што
сите детали ги договоривме за само два-три дена од почетокот на преговорите. Ќе
се обидам најпрво да се адаптирам на новата средина, во тоа ќе ми помогне Адис
Јаховиќ со кого се знам од претходно. Знам дека ова е квалитетна лига со
одлични навивачи и ќе дадам се
од себе за да им се допаднам“ рече македонскиот лев бек на промоцијата.

Жута одигра 109
натпревари во дресот на Ријека каде постигна и два гола, за нашата најсилна
фудбалска репрезентација има 15 настапи досега.

Што се однесува
до Коњаспор, оваа екипа со 25 бода се наоѓа на солидното осмо место на табелата
во Турција по 17 одиграни кола, Јаховиќ засега има 5 погодоци од 14 одиграни
натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани