И покрај тоа што Кристијано Роналдо е поранешен играч на Манчестер јунајтед, најтрофејниот клуб од Англија го користи Лео Меси како пример за своите млади играчи.
Според пишувањата на Тајмс, во соблекувалната на академијата во тренинг центарот во Карингтон стои фотографија од ѕвездата на Барселона. Сликата покажува како Лео Меси си ги чисти копачките по дуелот одигран помеѓу Аргентина и Хрватска на Аптон Парк во 2014.
Намерата на „Црвените ѓаволи“ е да ги потсетат младите играчи дека и најголемите фудбалери се уште се грижат за мали, валкани работи, се скромни и не летаат во облаци и покрај огромната светска слава. Па ако Лео Меси може да ја вади земјата и тревата од копачките, тогаш и тие треба да го прават истото.
Се вели дека сликата имала големо влијание врз младиот Скот Мектоминеј, кој оваа година се избори за место во првиот тим на Манчестер јунајтед. 21 годишниот фудбалер се уште го паркира својот автомобил на паркингот наменет за академијата, а не на паркингот кој е резервиран за ѕвездите од првиот тим.