„Ѓаволите“ би можеле да се закитат со уште две титули во Премиерлигата доколку Манчестер Сити биде казнет со одземање на трофеите поради прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.
По повеќе од 18 месеци без значаен напредок во случајот, попладнево „Атлетик“ објави бомба и соопшти дека Манчестер Сити е прогласен за виновен по речиси сите обвиненија за прекршување на правилата за ФФП (114 од 115).
Се уште нема одлука за конкретната санкција, а Манчестер Сити исто така сигурно ќе поднесе жалба.
Можните казни се движат од финансиска глоба, преку одземање на бодови, па се до исфрлање на клубот од Премиерлигата.
Се пишува и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите, а од вакво сценарио најмногу би профитирал Манчестер Јунајтед.
Рио Фердинанд веднаш реагираше на социјалните мрежи и напиша: Уште еден медал од Премиерлигата за во витрината“.
Легендарниот дефанзивец алудираше на титулата од сезоната 2011/12, кога Сити во драматичен финиш го освои шампионатот поради подобрата гол-разлика. Серхио Агуеро постигна гол во 93. минута против КПР и му ја донесе титулата на Сити, прва по пауза од 44 години.
Може да му се исполни и желбата на Жозе Мурињо, кој пред неколку години изјави дека „се уште има шанса да се радува на титула во Премиерлигата“. Неговиот Јунајтед заврши втор во сезоната 2017/18, зад Сити на Пеп Гвардиола кој тогаш освои рекордни 100 бода.
Една титула може да добие и Јирген Клоп, кој со Ливерпул беше втор во сезоната 2013/14.