Зошто продажбата на дресови нема да го исплати трансферот на Нејмар, нема да биде ни блиску

by
2 минути читање

Секогаш кога ќе
се случи голем трансфер се појавуваат стории за тоа како само од продажбата на
дресови клубот веднаш ќе ги врател парите.

Овој мит според
простата математика на прв поглед изгледа вистинит.

ПСЖ денеска
дресот на Нејмар го продаваше за високи 155 евра, многумина мислат дека
Бразилецот како од шала ќе продаде милион дресови, па на „Светците“ ќе им
донесе 155 милиони евра.

Но реалноста е
сосема друга и работите не функционираа вака. ПСЖ нема шанси да го покрие
огромниот трансфер од продажба на дресови.

Производителот на
дресови е тој кој го добива најголемиот дел од колачот, а клубовите добиваат 10
до 15 проценти од приходите добиени од продажбата на дресови.

Исто така, новите
засилувања не носат толку многу голема продажба на дресови како што се мисли.

Според едно
истражување кое беше направено оваа година, ПСЖ во 2016 продал 685.000 па тешко
за верување е дека Нејмар сам ќе може да продаде 1.000.000 дресови.

Па ПСЖ од
продажбата на дресови ќе заработи неколку десетици милиони евра, сума која веројатно нема
да биде доволна ниту да се покрие годишната плата на Нејмар која изнесува 30
милиони евра, а сигурно „Светците“ ќе треба да платата барем уште толку на име
на даноци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани